Connect with us

Втора лига: Дербито се игра во Штип, а Шкендија, Скопје и Охрид гостуваат

Викендов на програмата се само натпреварите од Втората македонска фудбалска лига. Сите осум натревари ќе се одиграат денеска, со почеток во 13:30 часот, со исклучок на дербито на колото меѓу Брегалница и Детонит во Штип, кое ќе стартува во 17 часот и ќе се игра под рефлектори.

„Сините“ од Штип се фаворити на хартија – со евентуална победа ќе го задржат лидерското место, а ќе имаат и поддршка од својата публика. Сепак, Детонит има свои адути и нема лесно да се предаде.

Второпласираната Шкендија од Арачиново гостува кај Победа и ќе се обиде да освои нови три бода.


Екипата на Скопје ќе настапи на гостински терен против Саса со јасна цел – победа, додека Охрид ќе се обиде да ја продолжи добрата серија со триумф над Преспа.

Двојки Втора МФЛ, 10. коло (денеска, 13:30 часот)

Саса – Скопје

Тетекс – Осогово

Победа – Шкендија Арачиново

Кожуф – Беласица

Вардар Неготино – Слога Виница

Новаци – Г. Коњари

Преспа – Охрид

Брегалница – Детонит (17:00 часот)

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови