Connect with us

Реал Мадрид се „лади“ за Мбапе, Перез смета дека Халанд е подобра опција

Шпанскиот гигант Реал Мадрид полека се „лади“ за ангажманот на Килијан Мбапе. Тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот, но исто така и еден од најскапите. Флорентино Перез ја разгледува опцијата да го купи норвешкото голгегерско чудо Ерлинг Халанд кој е реално многу подостапен во финансиска смисла. 

Трансферот на Мбапе следното лето би чинел околу 120 милиони евра, а фудбалерот бара неверојатна годишна плата од 37 милиони евра. Тоа ќе ја наруши структурата на финансиските договори што го имаат и останатите фудбалери во „кралскиот клуб“.

Мино Рајола, агентот на Халанд, веќе остварил контакти со раководството на Реал Мадрид и најавил дека фудбалерот е заинтересиран да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Отштетната клаузула што Халанд ја има во договорот со Борусија Дортмунд изнесува 75 милиони евра, а фудбалерот бара „само“ 12 милиони евра годишно.

„Кралевите“ од следната сезона повторно ќе го имаат товарот да го плаќаат комплетно и Герет Бејл кој речиси сигурно ќе се врати во Мадрид по позајмицата во Тотенхем. Жозе Мурињо веќе најави дека нема да го задржи и следната сезона. 

     

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови