Connect with us

Клоп: Ние во Ливерпул не сме луди, знаеме дека титулата е загубена

Англискиот првак Ливерпул ниту од далеку не ја повторува одличната сезона што ја имаше лани, а по последниот пораз од Лестер (3-1) и менаџерот Јирген Клоп призна дека неговиот тим веќе нема шанси за одбрана на шампионскиот трофеј. „Црвените“ имаат 13 бода заостанување зад лидерот Манчестер Сити, кој има и еден одигран натпревар помалку. 

„Не сме луди, знаеме дека титулата е недостижна“, изјави Јирген Клоп. 

Потоа се осврна и на грешките што Ливерпул ги направи и му дозволи на Лестер за шест минути да постигне три гола.

„Постигнавме прекрасен гол, а потоа примивме еден чуден, што и јас мислам дека беше офсајд. Потоа голот за 2-1 беше едно големо недоразбирање во нашиот тим и така натпреварот кој претендиравме да го добиеме и имавме водство, се претвори во пораз“, истакна менаџерот на Ливерул. 

   

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови