Интер ја оствари 15. победа во Серија А оваа сезона совладувајќи го Лацио на „Џузепе Меаца“ со 3-1. Со овој триумф „нероаѕурите“ се искачија на врвот на табелата со 50 бода прескокнувајќи го градскиот ривал Милан кој има бод помалку.
Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез му пресудија на Лацио. Белгиецот во 22.минута од пенал го отвори резултатот, а пред крајот дел зголеми на 2-0.
Лацио намали со голот на Гонзало Ескаланте во 61.минута кого топката среќно го удри по слободниот удар на Сергеј Милинковиќ – Савиќ. Но, Лукаку и Лаутаро Мартинез не дозволија неизвесен финиш. Лукаку извлече противнапад, го проигра Лаутаро Мартинез кој само три минути по голот на Лавцио зголеми на 3-1.
Лацио се наоѓа на седмата позиција со 40 бода, колку што имаат и Наполи и Аталанта.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













