Connect with us

Ромањоли: Ја потценивме Специја и го испуштивме врвот

Милан падна на втората позиција на табелата во Серија А откако неочекувано беше поразен на гостувањето кај Специја (2-0), а градскиот ривал Интер ја искористи шансата и се искачи на врвот со синоќешниот триумф над Лацио (3-1). 

Алесио Ромањоли смета дека „росонерите“ самите се виновни за поразот од Специја.

„Не влеговме фокусирани во мечот, дозволивме Специја да земе здив и потоа беше тешко да се реагира. Не ги притискавме доволно, примивме гол и не успеавме да се вратиме во натпреварот на соодветен начин. Мислам дека ја потценивме Специја и затоа го загубивме врвот. Но, мора да го заборавиме тој натпревар и да се фокусираме на следните предизвици“, изјави Ромањоли. 

Во следното коло на програмата е големото градско дерби меѓу Милан и Интер.

        

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови