
Новиот талент на Баерн Минхен, Ленарт Карл, испиша историја во редовите на баварскиот гигант. Офанзивниот фудбалер стана најмладиот стрелец во историјата на клубот во Лигата на шампионите.
Карл го отвори резултатот против Клуб Бриж со маестрален погодок за водство од 1-0 во синоќешниот триумф од 4-0 против Клуб Бриж.
Тој ја прими топката на средината од теренот од Хари Кејн, со лесен дриблинг помина неколку дефанзивци и со прецизен и силен удар ја затресе мрежата на Бриж.
Карл го постигна голот на возраст од само 17 години и 242 дена, со што го собори рекордот на Џамал Мусијала, кој својот прв гол во Лигата на шампионите го постигна со 17 години и 363 дена против Лацио во 2021 година.
Во тековната сезона, Ленарт Карл има настапено на осум натпревари за Баерн, а во Бундеслигата забележа една асистенција во триумфот со 4-1 над Хофенхајм.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Рафа Бенитез ќе биде нов тренер на Панатинаикос

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг
