
Реал Мадрид го победи европското класико против Јувентус со 1-0 и продолжи со максимален ефект во Лигата на шампионите. Џуд Белингам го постигна победничкиот гол во 57. минута, откако се најде на вистинското место кога топката од дирекот се одби кон него по шутот на Винисиус јуниор.
Ливерпул ја прекина серијата порази и славеше убедливо против Ајнтрахт Франкфурт на гости со 1-5. Прв поведе Ајнтрахт со голот на Кристенсен во 26. минута, но Екитике израмни, а Ван Дајк и Конате донесоа водство од 1-3 на полувремето. Во вториот дел стрелаа и Гакпо и Шобошлаи.
Баерн Минхен го победи Клуб Бриж со 4-0. Карл го отвори резултатот во петтата минута, Кејн зголеми на 2-0, а Луис Дијас и Николас Џексон го комплетираа убедливиот триумф.
Челси славеше со 5-1 против Ајакс на „Стемфорд Бриџ“, додека мечевите Аталанта – Славија Прага и Монако – Тотенхем завршија без голови. Спортинг Лисабон со пресврт го победи Олимпик Марсеј со 2-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal