
Милан ја загуби првата попзиција на табелата во Серија А откако доживеа неочекуван пораз (2-0) на гостувањето кај Специја. Градскиот ривал Интер го искористи овој „кикс“ на „росонерите“ и се искачи на врвот.
Tренерот на Милан, Стефано Пиоли, е разочаран од односот на фудбалерите на последниот натпревар и ги повикал на итен состанок. Тој ги предупредил дека не смее да им се повтори пристапот на еден натпревар каков што имаа против Специја.
Милан в четврток ќе и гостува на Црвена Звезда во Белград во првиот дуел од нокаут фазата во Лигата на Европа, а следниот викенд го очекува градското дерби против Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
