Марко Росе на крајот од сезоната ќе го напушти кормилото на Борусија Менхенгладбах. 44-годишниот стратег му најави на раководството дека нема да ја продолжи соработката, а јавна тајна е дека тој веќе има договор да го преземе кормилото на другата Борусија. Марко Росе од јуни треба да седне на клупата на Борусија Дортмунд.
„Имавме многу разговори со Марко Росе околу неговата иднина. За жал, тој одлучи да ја искористи клаузулата во неговиот договор кој истекува во 2022 година и да го преземе кормилото на Борусија Дортмунд. Дотогаш, ние сме мобилизирани и заедно со Марко Росе ќе се обидеме да оствариме што е можно подобри резултати во сите натпреварувања“, изјави спортскиот директор на Борусија Менхенгладбах, Макс Еберл
Борусија Дортмунд ќе плати отштета од 5 милиони евра за Марко Росе, а тој ќе го замени Един Терзиќ на „Сигнал Идуна Парк“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













