Фудбалерите на Интер го „освоија“ Рим со минимална победа од 0-1 над Рома, во дербито на денот од Серија А. Ова беше четврти натпревар по ред меѓу овие два тима во кој гостите слават, а воедно и петта последовна победа на Интер на гостувањата кај „волчицата“.
На преполниот „Олимпико“, избраниците на Кристијан Киву тргнаа силно од самиот старт и поведоа уште во шестата минута. Новото летно засилување Бони, кој пристигна од Парма, ја искористи катастрофалната офсајд стапица на одбраната на Рома, тргна сам кон Свилар и рутински реализираше за водство од 0-1.
Рома тешко се враќаше во ритам и покрај тоа што имаше повеќе од поседот. Најдобрите прилики ги создаде на стартот од второто полувреме – во периодот од 51. до 59. минута, кога преку Дибала, Челик и Довбик пропушти неколку шанси за погодок. Дибала двапати сериозно го загрози голот на Зомер, еднаш од игра и еднаш од слободен удар, но швајцарскиот чувар на мрежата блесна со две интервенции.
Со оваа победа, „нероаѕурите“ се искачија на врвот на табелата со 15 бодови, колку што имаат и Рома и Наполи, но со подобра гол-разлика.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













