Connect with us

Тросар го чува врвот за Арсенал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал забележаа победа на гости против Фулам со 0-1 во осмото коло на Премиер – лигата.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 58. минута, кога Леандро Тросар ја затресе мрежата по корнерот изведен од Букајо Сака и додавањето на Габриел, кој со глава ја префрли топката кон офанзивецот на Арсенал во шеснаесетникот.

Тимот на Микел Артета повторно одигра дефанзивно совршен натпревар, спречувајќи Фулам да упати каков било сериозен удар кон голот на Давид Раја. Арсенал имаше уште неколку шанси за потврдување на победата, но Смит-Роу и Мартинели не успеаја да реализираат.

Со оваа победа, Арсенал ја продолжи одличната форма и се искачи на лидерската позиција со 19 бода, додека Фулам останува на 14.место со осум бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови