Манчестер Јунајтед ја разгледува можноста да го задржи Кашемиро во тимот, но само под услов Бразилецот да се согласи на намалување на својата плата. Тој и понатаму се смета за клучна фигура под водство на менаџерот Рубен Аморим, но неговиот договор истекува, а иднината засега му останува неизвесна.
Според информациите на „ЕСПН“, играчот за врска најверојатно ќе мора да прифати пониски примања доколку сака да остане на „Олд Трафорд“. Клубот продолжува со политиката за намалување на трошоците за плати и постепено се разделува со некои од најплатените фудбалери.
Се смета дека Рубен Аморим планира сериозни промени во средниот ред и дека искусниот Бразилец веројатно нема да биде дел од долгорочните планови на менаџерот, иако неговите квалитети и искуство се неспорни.
Слична е и ситуацијата со неговиот соиграч Хари Мегваер. Новиот договор што се очекува да му биде понуден, исто така ќе биде со пониска плата, која ќе одговара на неговиот моментален придонес во тимот. Така, и Кашемиро и Мегваер се наоѓаат пред избор — дали да го напуштат клубот на залезот од своите кариери или да останат во Јунајтед и да помогнат во неговото обновување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













