Кристијано Роналдо постигна два гола во ремито на Португалија од 2-2 против Унгарија, поставувајќи нов рекорд и станувајќи најдобар стрелец во историјата на светските квалификации.
Унгарија поведоа со голот на Шалаи, но Роналдо израмни во 22. минута и потоа донесе пресврт во 45. минута. Португалците беа на чекор до директен пласман на СП 2026, но ќе мораат да почекаат, откако Унгарија израмни во судиското продолжение со погодокот на Доминик Шобослаи во 91-та минута.
Англија обезбеди пласман на Светското првенство со убедлива победа над Летонија на гостински терен со 0-5. Натпреварот го отвори Гордон, потоа два гола постигна Хари Кејн, Летонците дадоа еден автогол, а во листата на стрелци се запиша и Езе.
Србија прими гол од половина терен на гостувањето кај Андора, но на крајот славеше со 1-3. Ирска со 1-0 ја победи Ерменија.
Шпанија ја победи Бугарија со 4-0, Турција славеше против Грузија со 4-1, а Италија стигна до нов триумф под водство на Гатузо, победувајќи го Израел со 3-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













