Connect with us

Романците со гол во 95.минута ја победија Австрија и останаа „живи“ (ВИДЕО)

Романија го одржа чекорот во битката за баражот за второто место, победувајќи ја Австрија на домашен терен со 1-0. Голем херој на мечот беше Вирџил Гита, кој во 95-тата минута донесе победа за својот тим, само 20 минути по влегувањето како замена.

Данска беше доминантна против Грција и славеше со 3-1. Расмус Хојлунд постигна гол уште во 21. минута, а потоа погодоци додадоа Андерсен и Дамсгард до крајот на првото полувреме. Грците успеаја само да постигнат почесен гол преку Христос Цолис во вториот дел.

Полска забележа убедлива гостинска победа против Литванија со 0-2. Шимански го отвори резултатот во 15. минута, а Левандовски ја потврди победата со гол во 64.минута.

Хрватска, пак, лесно се справи со Гибралтар и славеше со 3-0. Деби голот на Фрук донесе водство, а иако Мајер промаши пенал, Сучиќ и Ерлиќ ја завршија работата со голови за убедлива победа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови