Актуелниот тренер на Црвена Звезда, Владан Милојевиќ, ќе ја преземе селекторската функција на репрезентацијата на Србија, објавува „Спортски журнал“.
Оваа одлука следи еден ден по оставката на Драган Стојковиќ – Пикси, кој се повлече по поразот од Албанија (0-1) во Лесковац, кој практично ги затвори шансите за пласман во баражот за СП 2026.
Милојевиќ ќе ја комбинира новата улога со водењето на Црвена Звезда до зимската пауза, а неговиот дебитантски настап како селектор ќе биде на големиот дуел со Англија на „Вембли“ на 13 ноември. Три дена подоцна, Србија ќе го одигра последниот квалификациски меч за Светското првенство против Летонија во Лесковац.
По оставката на Драган Стојковиќ – Пикси, првично за најсериозен кандидат за негов наследник се споменуваше Вељко Пауновиќ, но очигледно дека дојде до пресврт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













