Connect with us

Столе Димитриевски: Наша цел е да победиме

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го пречекува составот на Казахстан, во меч кој може да биде клучен за продолжување на позитивниот резултатски серијал.

Херојот од ремито со Белгија, голманот Столе Димитриевски, очекува голема поддршка од трибините и уверува дека тимот размислува само за победа.

„Нашата цел е јасна – да излеземе на терен и да победиме. Очекувам голема поддршка од навивачите, се надевам дека ќе бидат во што поголем број на стадионот за да ни дадат дополнителна сила. Секако дека постои разлика меѓу Белгија и Казахстан, но тоа не значи дека ќе биде лесно. Со помош на публиката верувам дека ќе стигнеме до поволен резултат, а тоа, секако, е победа за нас“, изјави Димитриевски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови