Oставката на селекторот Драган Стојковиќ по поразот од Албанија во Лесковац е прифатена од Фудбалскиот сојуз на Србија. Пикси нема да патува со тимот во Андора.
Тимот ќе го предводи Зоран Мирковиќ, селекторот на младата репрезентација. Тој веќе се приклучил на сениорскиот тим во Ниш заедно со стручниот штаб.
Извршниот одбор на ФСС ќе се состане во петок, 19 октомври. Тогаш ќе се одлучи кој ќе го наследи Стојковиќ. Засега главен кандидат е Вељко Пауновиќ, иако постои можност и Зоран Мирковиќ да продолжи како селектор на сениорската репрезентација на Србија.
„По поразот на репрезентацијата од Албанија во Лесковац, селекторот Драган Стојковиќ понуди оставка од својата функција и нема да патува со екипата на квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Андора. В.Д. предводник на српската репрезентација во следниот квалификациски натпревар за Светското првенство ќе биде стратегот на нашата млада селекција, Зоран Мирковиќ, кој веќе се приклучи на репрезентацијата во Ниш во недела наутро, заедно со членовите на стручниот штаб Страхиња Пандуровиќ, Лазар Томиќ, Александар Кировски, Дејан Одавиќ и Богдан Милиќевиќ“, се вели во соопштението на ФСС.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













