Карло Анчелоти е блиску до потпишување нов договор со Бразил до 2030 година. Италијанскиот стратег ќе ја води селекцијата уште еден циклус за Светското првенство.
Бразилската федерација покажува голема доверба кон Анчелоти, кој долго време се обидуваа да го убедат да ја прифати функцијата.
Според „О’Глобо“, планот е тој да остане на клупата без разлика на резултатите во Светското првенство 2026 година во САД, Мексико и Канада.
Анчелоти изјавил дека тој и семејството се задоволни со улогата и дека е подготвен за подолг договор.
На клупата на Бразил досега има три победи, еден пораз (0-1) од Боливија и едно реми (0-0) со Еквадор. Селекцијата пред неколку дена ја победи Јужна Кореја со 5-0 во пријателски натпревар.
Анчелоти е единствениот тренер во историјата што освоил петте најсилни европски првенства – Серија А, Ла Лига, Премиер Лига, Бундеслига и Лига 1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)
Интернационалци
Бојан Миовски двоен стрелец за Ренџерс (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Интер убедливо го порази Комо (ВИДЕО)













