Лидерот на табелата во Премиер – лигата, Манчестер Сити продолжува да гази. Синоќа го совлада Евертон на гости со 1-3 и ја оствари 17. последовна победа во англискиот шампионат, а десетта од стартот на 2021 година.
Аналитичарите го глорифицираат тимот на Пеп Гвардиола, а и традицијата е на страната на „граѓаните“. Речиси никој не успеал да испушти двоцифрена предност во Премиер – лигата, а Манчестер Сити по 24 одиграни кола има десет бода предност пред градскиот ривал Манчестер Јунајтед.
Низ целата историја во Премиер – лигата има само два случаи кога еден тим пропуштил ваква предност. Њукасл во сезоната 1995/1996 успеал да прокоцка 10 бода предност, а вториот тим е Манчестер Јунајтед во сезоната 1997/1998.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













