Лионел Меси донел одлука да замине од „Камп Ноу“ по завршувањето на сезоната и да ја напушти Барселона, неговиот единствен клуб во досегашниот тек од кариерата. По дебаклот што тимот до доживеа против Пари Сен Жермен на домашен терен во првиот меч од нокаут фазата во Лигата на шампионите, Меси и дефинитивно сфатил дека мора да побара друг предизвик.
Се очекува одлуката да ја објави јавно дури по завршувањето на сезоната, но шпекулациите велат дека се поинтензивно комуницира со Пеп Гвардиола, неговиот некогаш тренер од Барселона кој сега на фантастичен начин го предводи Манчестер Сити во Премиер – лигата.
Англискиот премиерлигаш е финансиски моќен, може да ги исполни сите лични барања на Аргентинецот и тој би требало како слободен агент од „Камп Ноу“ да се пресели на „Етихад“ во средината на јуни.
Во трка за Лионел Меси е и Пари Сен Жермен кој исто така е еден од финансиски најмоќните клубови во светот, но се чини дека сепак Манчестер Сити има предност при изборот на аргентинскиот генијалец.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













