Тренерот на Порто, Серџо Консеисао, е задоволен од триумот (2-1) над италијанскиот првак Јувентус во првиот меч од нокаут фазата во Лигата на шампионите. Сепак, вели дека примениот гол во финишот малку го расипал впечатокот.
„Го изненадивме Јувентус на почетокот и на првото и на второто полувреме. И тоа не беше случајно. Одигравме одличен пресинг, момците беа фантастични и заслуживме да победиме“, истакна Консеисао.
Сепак, примениот гол му дава можност на Јувентус со минимална победа во Торино да се пласира во следната рунда од ЛШ.
„Можевме да победиме и со 3-0, а примивме гол за 2-1. Останува горчина за примениот гол, бидејќи тоа не го заслуживме. Јувентус првиот удар кон нашиот гол го упати дури во 70. минута“, дополни португалскиот стратег.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski