Connect with us

Шкупи ремизираше со Работнички и го освои првиот бод, а ремизираа и Брера и Башкими во Струмица

Шкупи го освои првиот бод оваа сезона по ремито против Работнички (1-1) во натпреварот одигран во Струга, во деветтото коло од Првата МФЛ. И покрај тоа, ниту тимот од Дебар Маало не може да биде целосно задоволен, бидејќи во самиот финиш имаше изгледни шанси за целосен пресврт и триумф.

Шкупи поведе во 25. минута преку Ерион Шуку. Луис Рибеиро упати удар откосо од левата страна, голманот Јакимов не реагираше најдобро и ја испушти топката, а Шуку без потешкотии ја смести во мрежата.

Работнички по паузата заигра многу поофанзивно. Ермедин Адем прво се закани во 60-тата минута по корнер од десната страна, а веќе во следниот напад успеа да израмни.

Димитар Трајков имаше можност за пресврт, но не реализираше, додека на другата страна Андреј Ричков сериозно се закани во 75-тата минута, но Јакимов со крајни напори одбрани.

Најголемата шанса за целосен пресврт Работнички ја имаше во 89-тата минута. По слободен удар од десната страна, Трајков шутираше со глава, одбраната на Шкупи спаси на гол-линијата, потоа се обиде Велиќ, а на крај и Велкоски ја погоди гредата. Сепак, втор погодок не дојде, па мечот заврши без победник.

Во Струмица, Брера и Башкими исто така одиграа 1-1. Аворнио во 35.минута успеа да донесе предност за Башкими. Брера стигна до израмнување со гол од пенал во 87.минута. Нзенгуе беше успешен реализатор на ударот од белата точка.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови