Connect with us

Стојковски: Да се вратиме од Струмица со три нови бода

По освоениот бод против Вардар, екипата на Башкими се подготвува за дуелот против АП Брера во Струмица. Со истиот пристап како против Вардар и без никакво потценување, се чини дека тоа е рецептот за успех на екипата од Куманово.


Голманот на Башкими, Лука Стојковски, верува дека подготовките за овој дуел поминале во најдобар ред и со позитивна енергија ќе се пристапи на натпреварот во Струмица.

“Атмосферата по Вардар е на високо ниво и се подготвуваме за натпреварот против АП Брера, каде што гостуваме во Струмица. Подготовките за овој натпревар поминаа одлично. Добро го анализиравме противникот и одиме во Струмица да се надигруваме.”

Стојковски верува дека Башкими ќе се врати со полн плен од Струмица.

“Се работи за сериозна екипа со млади играчи. Секој натпревар е тежок, но во Прва Лига нема лесен натпревар. Не го потценувам противникот, но Башкими кај и да гостува, ние одиме на трите бода, така и ќе биде и сега. Максимално сме подготвени за овој натпревар и сакаме да се вратиме од Струмица со три бода во Куманово.”

Натпреварот меѓу АП Брера и Башкими се игра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица со почеток во 15:00 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови