Connect with us

Аморим: Проблемот во Манчестер Јунајтед не е во мене

Рубен Аморим беше категоричен дека нема никаква намера да поднесе оставка како тренер на Манчестер Јунајтед и нагласи дека проблемот не е во неговата работа, на бурна прес-конференција.

„Црвените ѓаволи“ го претрпеа третиот пораз од стартот на сезоната во Премиер – лигата на гостувањето кај Брентфорд минатиот викенд и се наоѓаат на 14. место на табелата пред денешното домашно соочување со Сандерленд.

„Сакам да продолжам тука. Да се борам. Но, проблемот сега е што губиме натпревари – од тоа страдам, а не од мојата работа. Не станува збор за страв од губење на работното место. Не ми е гајле. Ви велам, кога ќе заврши натпреварот и можете да ме видите, мојата работа не ме интересира. Она што ме боли е оваа мака од неносење победи и неуспеси. Од тоа најмногу страдам“, изјави емотивниот Португалец пред медиумите.

Нов лош резултат за Аморим на „Олд Трафорд“ против Сандерленд би можел да го чини отказ стратегот кој пристигна во ноември минатата година и сè уште нема врзани две победи во Премиер – лигата како предводник на Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови