
Австрискиот првак Салцбург се соочува со суспензија на двајцата најдобри фудбалери на тимот, Мохамед Камара и Секу Коита. Тие се суспедирани на три месеци од УЕФА поради допинг. При редовна допинг – контрола во нивните тестови се пронајдени недозволени супстанци.
Двајцата фудбалери биле на десетдневни подготовки со репрезентацијата на Мали, а по враќањето во клубот покажале позитивни допинг – тестови на 22. ноември 2020 година.
Камара и Коита добиле медицински препарати за намалување на тегобите при зголемена надморска височина со оглед дека со репрезентацијата на Мали патувале во Намибија, на мечот од квалификациите за Африканскиот куп на нации. Сепак, професионалците секогаш се одговорни за супстанците што ќе бидат внесени во нивниот организам.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
