
Амазон најави дека нивниот филм посветен на легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон, ќе биде објавен на 29 мај. Во него ќе биде откриено и што беше најголемиот страв на големиот Ферги.
Амазон неодамна го претстави филмот за Тотенхем работата на лондонскиот клуб и неговите подеми и падови во минатото, а сега го најавува филмот за Алекс Фергусон.
Ќе биде тоа прекрасна филмска приказна за спортскиот и приватниот живот на легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, ќе бидат истакнати неговите посебни моменти, но исто така и најголемиот страв на Алекс Фергусон. Тој во еден период живееше во страв дека би можел да го изгуби помнењето по преживеаниот мозочен удар.
Филмот го режираше неговиот син Џејсон, а премиерата ќе биде одржана на Глазгов Филм Фестивал во март. За пошироката јавност филмот ќе биде достапен на Амазон Прајм на 29 мај 2021 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
