
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, одамна не крие дека сака да го има Килијан Мбапе во тимот на „кралевите“, а на денешната прес – конференција и јавно го пофали неговиот настап против Барселона. Фановите на „кралскиот клуб“ на социјалните мрежи бараат Реал Мадрид во јуни да го купи Мбапе.
„Неговиот последниот настап беше фантастичен, ми се допадна тоа што го направи. Навивачите секако имаат право да се изјаснат, но тука се прашуваат и ПСЖ и фудбалерот. Нема сомнение дека Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот“, изјави Зидан.
Реал утре гостува кај Валјадолид, а Зидан се надева дека неговиот тим ќе успее да стигне до нов триумф.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski