Францускиот интернационалец Корентин Толисо заработи сериозна повреда која ќе го оддалечи од терените шест месеци. Тој скина тетива на мускулот и ќе мора да замине на операција. Французинот нема да се врати до крајот на оваа сезона, а нема да може да биде дел ниту од селекцијата на Франција на Европското првенство.
Толисо се повредил на тренинг, при шут на топката почувствувал голема болка, а деталните лекарски прегледи покажале дека се работи за скината тетива.
Ова е нова главоболка за тренерот Ханси Флик. Баерн Минхен остана без Томас Милер и Бенјамин Павар поради позитивен тест на коронавирус, а повредени се Даглас Коста и Серж Гнабри.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













