
Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн е цел на ривалите од Манчестер. Напаѓачот на Тотенхем сака да го напушти клубот и да замине во средина каде ќе може да се бори за титулата, а во трка за него се Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.
Пеп Гвардиола бара наследник на Серхио Агуеро кој по една деценија ќе ги напушти „граѓаните“, а Оле Гунар Солскјер исто така сака да го има Хари Кејн во составот како предводник на тимот кој би ги вратил славните денови на „Олд Трафорд“.
Хари Кејн има договор до 2024 година со Тотенхем, а лондонскиот клуб е подготвен да му дозволи да си замине, но само доколку биде платена отштета од 170 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
