Connect with us

Манчестер Јунајтед понудил 150 милиони евра за Ансу Фати, Барса „глатко“ ги одбила

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед пред почетокот на оваа сезона се обидел да го купи младиот напаѓач на Барселона, Ансу Фати. „Црвените ѓаволи“ понудиле 150 милиони евра за ангажман на младата ѕвезда на Барса, но каталонскиот клуб веднаш ја одбил понудата, открива „Мундо Депортиво“.

Ансу Фати треба да биде наследникот на Лионел Меси, фудбалер кој ќе биде носител на тимот на Барселона во наредната деценија. Токму поради ова раководството на клубот од „Камп Ноу“ не сака ни да помисли за продажба на младиот голгетер. 

Тој одлично ја почна сезоната, но потоа му се случи сериозна повреда поради која е надвор од натпреварувачки ритам. Неговата вредност е проценета на околу 200 милиони евра. 

    

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови