
Легендарниот фудбалер од поранешна Југославија, Драган Стојковиќ Пикси, ќе биде именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Србија. Тој конечно успеал да најде заеднички јазик за соработка со раководните луѓе на српскиот фудбал.
Пикси на кормилото на српската фудбалска репрезентација ќе го замени Љубиша Тумбаковиќ, а договорот треба да биде официјализиран до крајот на следната седмица. Драган Стојковиќ најде заеднички јазик и со раководството на кинескиот клуб Гвангжу РФ со оглед дека има клаузула во неговиот договор по заминувањето од Кина да не работи во фудбалот се додека добива отштета за предвремениот раскин на соработката.
Драган Стојковиќ Пикси ќе добие четиригодишен договор од ФСС, а ќе заработува од 600.000 евра до 1 милион евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski