
Неверојатна вест пристигнува од Италија. Тренерот на Месина, Пино Риголи, добил отказ по телефон додека бил во болница и се опоравувал од коронавирусот. Риголи поради здравствената состојба воопшто не го водел тимот на последните пет натпревари, а раководството одлучило да го отпушти со еден телефонски повик. И тоа додека бил во болница.
Риголи добил повик од еден од директорите на Месина кој му соопштил дека веќе нема да биде тренер. Начинот на кој тоа е сторено предизвика големи негодувања во Италија.
Пред да се разболи од коронавирус, Пино Риголи немал пораз на последните десет натпревари, а Месина се наоѓа на третото место на табелата во Серија Д, со два натпревари помалку и пет бодови заостанување зад лидерот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski