Connect with us

Куп: Охрид го елиминира Шкупи, Детонит подобар од Беласица

Купот на Македонија донесе две интересни пресметки во рамките на осминафиналето.

Охрид приреди изненадување и со убедливи 3-0 го совлада составот на Шкупи. Домаќините покажаа надмоќ во сите сегменти од играта, додека гостите од Скопје, со осиромашен и некомплетен ростер, не успеаја да се спротивстават.

Во вториот денешен натпревар, Детонит славеше на гостувањето кај Беласица. Единствениот погодок беше доволен за минимална победа од 0-1 и место во четвртфиналето.

Резултати
Беласица – Детонит 0-1
Охрид – Шкупи 3-0

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови