
Работнички и Шкендија на терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на ФФМ попладнево ќе го одиграат заостанатиот натпревар од четвртото коло од Првата МФЛ. Тимот од Дебар Маало се надева дека ќе успее да се рехабилитира за поразот од Вардар во недела, иако против себе ќе го има актуелниот првак Шкендија.
Искусниот играч за врска Ермедин Адем вели дека Работнички може до поволен резултат ако ја повтори играта од првото полувреме против Вардар.
„Ако одиграме тимски и компактно како првото полувреме против Вардар, можеме да се надеваме на успех. Сите сме свесни дека заслуживме многу повеќе од пораз на претходниот меч, меѓутоа пеналот и црвениот картон на Бесир Демири ни пресудија. Но, тоа е веќе зад нас, затоа што нѐ очекува нов голем предизвик, дуелот против Шкендија. Тие се квалитетен тим, со одлични индивидуалци, но покажаа и дека се ранливи во досегашниот тек од шампионатот. Ќе мора да бидеме речиси совршени, но веруваме дека можеме да стигнеме до успех“, изјави Ермедин Адем.
Натпреварот меѓу Работнички и Шкендија е закажан за 15:30 часот, на стадионот на ФФМ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем во јануари го купува Џулијан Брандт

Млади репрезентации
Македонија У-15 славеше победа против Косово во Приштина

Втора лига
Филип Мирчески е нов тренер на Победа

Прва лига
Башкими го победи Пелистер во Битола
