
Пелистер имаше добар старт во новата сезона во ПМФЛ, но по победите во 2. и 3. коло против Брера и Шкупи, остана без бодови во следните три средби со Македонија ЃП, Арсими и Работнички.
Гостувањето на Башкими во Битола нема да донесе промени во поглед на подготовките и целите што ги имаат клубот и тренерот Димитар Капинковски.
„Нема посебен притисок за овој натпревар, бидејќи нашата цел на секој настап е да играме за победа и да ги освоиме трите бода. Имавме мали промени во организацијата на играта поради првите повреди на дел од фудбалерите, но генерално зацртаните планови се непроменливи, без оглед дали играме со Башкими или со кој било друг тим. Играчите кои го засилија Башкими во овој преоден рок заслужуваат респект поради своето искуство и квалитет, но Пелистер има само една цел, а тоа се трите бода за радост на домашната публика“, изјави тренерот Капинковски.
Последниот меѓусебен дуел на двата тима беше во рамките на Втората лига во сезоната 2023/24, кога во двата натпревари славеше Пелистер. Последниот триумф на Башкими датира од 2008 година, во меч од Првата лига. На вкупно осум меѓусебни средби, Пелистер има пет победи, една нерешена, а двапати славел тимот од Куманово.
Последниот меч од 7. коло во ПМФЛ се игра денес во Битола, со почеток од 15:30 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У-15 славеше победа против Косово во Приштина

Прва лига
Башкими го победи Пелистер во Битола

Евро-фудбал
Политано останува во Неапол до 2028 година
