
Со натпреварот Пелистер – Башкими се заокружува 7. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Гостите од Куманово се полни со позитивна енергија, особено по големата победа над Силекс. Башкими веќе има три победи оваа сезона и сега ја посакува и четвртата. Атмосферата во тимот е одлична, а Борјан Пановски, кој пред две години настапуваше за Пелистер, е уверен дека неговата екипа има сили да стигне до трите бода.
„Владее одлична атмосфера во тимот, работиме максимално и подготвени сме за гостувањето во Битола. Се враќам во градот каде што бев пред две години. Нормално е да имаш позитивни емоции, но овој пат доаѓам во Битола по тие три бода што ги барав на секој натпревар кога играв за Пелистер“, изјави Пановски.
Тој посакува позитивната енергија од победата над Силекс да се пренесе и на дуелот со Пелистер.
„Сакаме по победата над Силекс да го продолжиме победничкиот ритам и да се вратиме со три бода од Битола. Башкими на секој натпревар оди на победа и убеден сум дека нашата екипа ќе го остави срцето на теренот и заслужено ќе ги освои тие три бода.“
Натпреварот Пелистер – Башкими ќе се игра на стадионот „Петар Милошевски“ со почеток во 15:30 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У-15 славеше победа против Косово во Приштина

Прва лига
Башкими го победи Пелистер во Битола

Евро-фудбал
Политано останува во Неапол до 2028 година
