Connect with us

Филип Мирчески е нов тренер на Победа

Македонскиот второлигаш Победа минува низ тешки моменти – резултатите не се според очекувањата, клубот се соочува и со финансиски проблеми. Сето тоа доведе до тренерска промена, откако Дунимаглоски си замина од клупата.

Нов тренер на Победа е назначен Филип Мирчески, кој ја презема мисијата да го спаси клубот и да ги стабилизира резултатите во рамките на можностите. Досега тој ја извршуваше функцијата директор на младинската академија на прилепчани. Мирчески е поранешен фудбалер на Победа и на 11 Октомври.

По завршувањето на играчката кариера, се посвети на тренерската работа во младинските категории на Победа, со кои во сезоната 2021/22 ја освои шампионската титула во Македонија. Во есента 2023 година беше и шеф на стручен штаб на сениорскиот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови