Connect with us

Мартинели го спаси Арсенал од пораз на „Емирати“ (ВИДЕО)

Арсенал и Манчестер Сити одиграа 1-1 во дербито на „Емирати“, резултат со кој покажаа дека и оваа сезона не се откажуваат од трката за титулата, иако сепак имаат послаб старт на шампионатот во Премиер – лигата од актуелниот првак Ливерпул.

Ерлинг Халанд донесе водство за Сити во деветтата минута, откако извлече брз противнапад и успеа да ја затресе мрежата на домаќинот.

Сити долго имаше предност, но Микел Артета повлече потег од клупата и во игра го внесе Габриел Мартинели. Бразилецот успеа да израмни во 93.минута, на асистенција на Езе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови