
Светот на фудбалот утре со нетрпение ќе гледа кон Париз, каде „Франс Фудбал“ ќе ја додели најпрестижната индивидуална награда, „Златната топка“. Главни фаворити за признанието се ѕвездата на ПСЖ, Осман Дембеле, и младото чудо на Барселона, Ламин Јамал.
Иако официјално победникот ќе биде објавен на свеченоста закажана за понеделник, 22 септември, деталите што излегоа во јавност сугерираат дека токму Јамал е најголемиот кандидат. Шпанскиот тинејџер пристигна во Париз во придружба на дури 20 членови од своето семејство, што многумина го гледаат како знак дека Барса очекува славеничка вечер.
„Јас сум единствениот што го знае името на добитникот“, истакна главниот уредник на „Франс Фудбал“, Винсен Гарсија, додавајќи дека критериумите остануваат јасни – индивидуални настапи, клучни моменти, освоени трофеи и фер-плеј.
Шпанските медиуми ја туркаат тезата дека Дембеле е во предност, но „Мундо Депортиво“ предупредува дека ништо не е решено. И двајцата кандидати имаа извонредни сезони: Дембеле со ПСЖ освои речиси сè на домашната сцена, додека Јамал блескаше и со Барселона и со репрезентацијата на Шпанија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal