
Сeр Џим Рeтклиф имал разговор со Рубен Аморим околу неговата позиција по катастрофалниот старт на Манчестер Јунајтед во новата сезона.
Минатиот викенд, Манчестер Јунајтед загуби во градското дерби од Манчестер Сити со 3-0, и притисокот врз Аморим се зголемува.
Тимот се наоѓа на 14. место на табелата во Премиер лигата и освои само четири поени на стартот од сезоната. Дополнително, тимот испадна од Карабао купот, каде подобар од нив беше четвртолигашот Гримсби Таун.
Се зборуваше дека времето на Аморим на „Олд Трафорд“ е ограничено, но англиските медиуми пренесоа дека тој сè уште има поддршка од челниците на клубот.
Сепак, прашањето е колку долго тоа ќе трае, бидејќи првиот човек на клубот станал нервозен и наводно денеска имал разговор со Аморим.
Аморим добил рок од три натпревари, по што ќе се направи целосна анализа на ситуацијата и ќе се донесе одлука.
Ретклиф наводно денес присуствувал на тренингот на Манчестер Јунајтед за да разговара со тренерот.
По поразот од Манчестер Сити, Аморим повторно јасно изјави дека нема да го менува својот систем.
„Постојат многу работи за кои немате поим, а се случиле во последните неколку месеци, но јас ги прифаќам. Но, јас нема да се променам. Кога ќе сакам да ја сменам мојата филозофија, тогаш и ќе се променам“, изјави Аморим.
Откако го замени Ерик тен Хаг на клупата на тимот од Олд Трафорд, Аморим остварил само осум победи во 31 одигран првенствен натпревар.
Наводно почнал да го губи довербата на искусните играчи, што му оди во неповолност и го доближува до отпуштање.
Како можни замени се споменуваат Оливер Гласнер, Гарет Саутгејт, Марко Силва и Андони Ираола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
