Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, беше задоволен по спектакуларното реми 4-4 против Борусија Дортмунд на стартот од главната фаза во Лигата на шампионите.
„Не можеме постојано да играме вакви драматични натпревари. Многу беше тешко да се соочиме со толку силен противник само три дена по претходниот наш меч. Но покажавме дека имаме волја за победа и одлична клупа, што е добар знак“, изјави Тудор.
„Имавме одредени проблеми, но напаѓавме опасно. Головите што ги примивме беа по статични ситуации кои можеа да се избегнат, но имаше и блескави индивидуални потези, како оној на Кенан Јилдиз. Задоволен сум, затоа што имајќи ги предвид околностите, не можевме да одиграме подобро“, нагласи хрватскиот стратег.
„Немаме ‘стандардни стартери’. Исходот на натпреварите се решава во последните 20 минути, а со воведувањето на правилото за пет замени, фудбалот се смени. Проблемот е тоа што мора да се игра на секои три дена. Кенан се измори кон крајот од мечот, но задоволни сме со ова прекрасно реми. Ништо страшно, ова беше најдоброто што можевме да го понудиме во моментов“, додаде тренерот на Јуве.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













