Реал Мадрид на домашен терен го победи Марсеј со 2-1 во првото коло од Лигата на шампионите. Гостите поведоа преку Тимоти Веа во 22. минута, а двата гола за домаќините ги постигна Килијан Мбапе од пенал – во 29. и во 81. минута.
Пресвртот за победа на Реал добива уште поголемо значење ако се има предвид дека од 72. минута играа со играч помалку, откако судијата Ирфан Пељто го исклучи Дани Карвахал.
Судијата од БиХ е под жестоки критики во Франција поради вториот пенал за Реал, од кој Мбапе погоди за големата победа. Пељто досуди најстрога казна тврдејќи дека фудбалерот на Марсеј, Факундо Медина, играл со рака. Сепак, многумина не се согласуваат со таа одлука, а ситуацијата предизвика многу полемики.
„Пеналот беше малку срамен и тоа би го рекол дури и да беше во наша корист. Тоа не е пенал“, изјави тренерот на Марсеј, Роберто де Зерби.
Real Vardrid will do anything to win a Champions League match.
— Chris Sweetman (@ChrisSweetman6) September 16, 2025
This isn't a penalty but robbery against poor Olympic Marseille #RMAMARpic.twitter.com/zncpc73rEV
Дека не било пенал за Реал тврди дури и „Марка“, шпанскиот медиум познат по наклонетоста кон Реал. Судискиот аналитичар на „Марка“, Перез Буруљ, изјави:
„Пеналот не беше правилно досуден бидејќи станува збор за природно движење. Играчот паѓа на тревникот, а раката не ја бара топката.“
Пељто (41) е судија од елитната категорија на УЕФА. Минатата сезона тој го судеше четвртфиналето од Лигата на шампионите меѓу Арсенал и Реал, а врв на неговата кариера досега беше финалето од Конференциската лига меѓу Челси и Бетис.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













