Connect with us

Лионел Меси го врати Интер Мајами на победнички пат (ВИДЕО)

Лионел Меси постигна гол и запиша асистенција во победата на Интер Мајами со 3-1 над Сиетл Саундерс во натпревар од регуларната сезона на МЛС-лигата. Аргентинската суперѕвезда беше најдобар на теренот и се чини дека надомести за промашената пенал-ситуација при поразот од 0-3 против Шарлот пред неколку дена.

Во 12. минута Меси му асистираше на Жорди Алба, кој го отвори резултатот. Малку пред полувремето, двајцата ги заменија улогите и Лео зголеми на 2-0 во корист на својот тим.

Во 52. минута Родриго де Пол одлично комбинираше со Иан Фреј, кој го постигна третиот гол за домаќините. Почесниот погодок за Сиетл го постигна Обед Варгас во 69. минута.

Меси веќе има 20 гола од стартот на сезоната и стана само петтиот фудбалер во историјата на МЛС кој постигнува по 20 или повеќе погодоци во две последовни сезони.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови