Connect with us

Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски го засили српскиот прволигаш Раднички Ниш. По долгогодишна авантура низ повеќе европски клубови, тој повторно ќе игра во српското првенство.

Ашковски веќе еднаш беше на чекор до договор со Раднички, но тогаш трансферот пропадна поради административни проблеми. Сега, со успешна реализација, фудбалерот изрази задоволство што конечно ќе го облече дресот на клубот.

„Пред две години постоеја желба и интерес, но ситуацијата не беше поволна. Раднички е тим со традиција и голема база на навивачи. Среќен сум што ќе бидам дел од оваа средина. Целта е да направиме подобар резултат од минатата сезона и да обезбедиме пласман во плејофот“, изјави Ашковски.

Во својата кариера, 29-годишниот крилен фудбалер има настапувано за повеќе клубови – од Партизан, Шкендија и Ерчијеспор, па сè до Фортуна Ситард, Славија Софија, Ботошани, Сепси и Етникос Ахна. За македонската репрезентација има одиграно 37 натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови