Connect with us

Лаутаро Мартинез неизвесен за дуелот со Ајакс во ЛШ

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, е под голем знак прашалник за утрешното гостување кај Ајакс во Лигата на шампионите, пишува „Газета дело спорт“.

Аргентинскиот напаѓач денес ја пропушти тренинг-сесијата на тимот поради болки во грбот и наместо тоа одработи програма во фитнес-сала. Сепак, тој отпатува со соиграчите за Амстердам. Тоа не важи за Матео Дармијан, кој остана во Милано поради повреда во долниот дел на грбот.
Доколку Лаутаро Мартинез не може да настапи од првата минута, неговото место ќе го заземе Анже-Јоан Бони или Франческо Еспозито, кои сè уште немаат дебитирано во ЛШ.

Во меѓувреме, тренерот Кристијан Киву подготвува уште неколку замени во составот по поразот од 3-4 во дербито со Јувентус. Веќе е познато дека на голот овојпат ќе застане Хосеп Мартинес наместо Јан Зомер.


Во одбраната се очекува да стартуваат Јан Бисек и Стефан де Фрај на местото на Мануел Аканџи и Франческо Ачерби, додека во средниот ред ќе се вратат Федерико Димарко и Петар Сучиќ наместо Карлос Аугусто и Хенрик Мхитарјан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови