Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити нема намера да се раздели со белгискиот интернационалец Кевин е Бруин. Тој е еден од најдобрите играчи за врска во светот и Пеп Гвардиола веќе му понуди можност за продолжување на договорот на „Етихад“.
Манчестер Сити ги одбил понудите од Реал Мадрид и од Јувентус за негов трансфер. Одговорот е дека Кевин де Бруин е недопирлив и клубот воопшто не размислува за негова продажба. Белгиецот е врзан со потпис до 2023 година, а уште отсега клубот сака да го продолжи неговиот договор на дополнителни три сезони.
„Граѓаните“ со неверојатна низа од 18 последовни победи, од кои 13 во Премиер – лигата, обезбедија голема предност на врвот на табелата во англискиот шампионат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













