Connect with us

Челси без Тијаго Силва против Атлетико Мадрид

Бразилскиот дефанзивец Тијаго Силва ќе го пропушти вечерашниот меч од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Одбранбениот фудбалер на Челси се мачеше со повреда уште од натпреварот со Тотенхем на 4. февруари, а сега се врати на тренинзите, но се уште не е подготвен да им помогне на соиграчите.

„Тој не е подготвен да биде во тимот“, изјави менаџерот Томас Тухел. 

Германскиот стратег ќе ги има на располагање Кристијан Пулишиќ и Каи Хаверц. 

Мечот меѓу Атлетико Мадрид и Челси се игра вечерва, со почеток во 21 часот, во Букурешт. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови