Италијанскиот калчолигаш Фиорентина сака да го врати во погон Маурицио Сари. Стратегот кој е без работа по заминувањето од Јувентус би можел да седне на клупата на „виолетовите“.
Фиорентина го именуваше Чезаре Прандели во надеж дека ќе успее да го крене нивото на тимот, но тоа не му успеа на поранешниот италијански селектор. Раководството на чело со претседателот Роко Бенито Комисо размислува да го ангажира Маурицио Сари, кој треба да добие тригодишен договор и околу 80 милиони евра за да го реновира составот следното лето.
Сари би заработувал 4 милиони евра по сезона, а соработката би започнала од јули. Тој и натаму е под договор со Јувентус кој му исплаќа 6 милиони евра годишно, но, сепак, би се сложил да се врати на тренерскиот занает.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













