Менаџерот Јирген Клоп, ќе го напушти Ливерпул следнато лето и ќе седне на кормилото на националниот тим на Германија. Ова го тврди германскиот весник „Билд“.
Клоп се наоѓа во тешка ситуација оваа сезона откако минатата со „црвените“ ја освои титулата во Премиер – лигата. Но, многуте повреди го десеткуваа составот на Ливерпул кој сега се бори за пласман во Лигата на шампионите.
Клоп има договор со Ливерпул до 2024 година, но „Билд“ тврди дека тој има најголеми шанси да го наследи Јоаким Лев на селекторската позиција во националниот тим на Германија по завршувањето на Светското првенство во Катар во 2022 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













