Connect with us

ЛЕ: Тотенхем убедлив против Волфсбергер (ВИДЕО)

Англискиот премиерлигаш Тотенхем оствари убедлив триумф (4-0) и во реваншот против Волфсбергер и се пласира во следната рунда од Лигата на Европа. По подолг период, Жозе Мурињо му даде шанса на Деле Али, а тој ја искористи постигнувајќи го водечкиот погодок во 11.минута на спектакуларен начин, со удар со ножички. 

Карлос Винисиус во вториот дел беше двоен стрелец за Тотенхем, а во листата на стрелците се запиша и Герет Бејл. По лошата серија во Премиер – лигата, овој убедлив триумф ќе биде значаен за самодовербата на фудбалерите на Жозе Мурињо. 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови